Црна хроника
Случај „Сопот“: Им дававме леб на КФОР, не ги убивме
Во понеделникот почна судскиот процес „Сопот“ со сослушување на обвинетите
Првообвинетиот Сулејман Сулејмани тврди дека на војниците на КФОР селаните им давале вода и леб. „Ние имаме душа, не сме убијци, ниту, пак, мене како 70 годишен маж некој ми рекол да правам тероризам. Кога пукна мината, ни се стресоа прозорите. Така разбравме дека имало мина“, вели првообвинетиот за организирање на акцијата. Сослушувањето е во тек, следуваат детали.Во Основниот суд 1 во Скопје, во понеделникот, во третиот обид судијата Јани Нича го започна судскиот процес „Сопот“, во кој на голема група жители на кумановското село Сопот им се суди за тероризам. Од подметната мина крај селото во џип на НАТО загинаа војници, а беа повредени жители на соседното село и преведувачка која патувала со нив. На некои од обвинетите веќе во одделни судски процеси им се судеше и се осудени на долгогодишни затворски казни, но по Собраниска комисија формирана за овој случај беше одлучено сите постапки да се спојат во една и судскиот процес да почне од почеток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

