Црна хроника
Тројца повредени во тепачка во Радуша
Три лица се повредени во тепачка што синоќа се случила во скопското село Радуша, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи
До инцидентот дошло кога 29-годишен жител на селото нападнал 18-годишен соселанец, удирајќи го со стаклено шише по глава, при што му нанел расекотина. Во обид да ги раздвои, во тепачката се вмешал 30-годишен жител на селото, кој се здобил со четири убодни рани, нанесени со нож од страна на 29-годишниот соселанец. При тоа третото лице успеало да го одземе ножот и му нанел две убодни рани на напаѓачот. Трите лица се пренесени во Градската болница „8-ми септември“, каде двајца од нив се пуштени на домашно лекување, додека 29-годишниот жител е задржан.Полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

