Црна хроника
Тодоровски: Обработуваме криминални групи кои шверцуваат хероин во регионот
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски потврди дека еден од краците преку кој што доаѓа хероинот во Европа е Балканот, Македонија, Косово и Албанија, како и што стои во најновиот извештај на Европол
Полицијата преку меѓународната операција „Беса“ детектирала повеќе криминални групи кои што го работат овој „црн бизнис“, па во рамките на таа операција направиле и неколку реализации.„Во таа операција или во таа меѓународна обработка, обработуваме повеќе криминални групи кои што се активни и во Македонија, и во Албанија, и во Косово и ја утврдуваме нивната поврзаност. Добрата соработка со турската и австриската полиција ни даде одлични резултати на меѓународен план и овие заплени што ги имаме и деновиве и претходно беа резултат на одличната соработка со нив, размена на информации затоа што информациите за наши криминални групи кои што ние овде ги откриваме, ги разменуваме со колегите од странство“ изјави Тодоровски.Тој вели дека дополнително ќе го разгледаат извештајот на Европол. Хероин низ Балканот поминува, но Тодоровски вели дека количината на хероинот што поминува низ Русија, Украина и Полска е многу поголем. Пред неколку години кога се формираше СЕПКА, асоцијација на директори на полиции од регионот кои започнаа заеднички да ги обработуваат групите кои што тргуваат со дрога во овој регион.„Беса“ нема да заврши може ќе премине во друго име, поради тајност на размена на податоците, но во суштина тоа е тоа, нема никогаш да прекине се додека има трговија со хероин“, вели Тодоровски.Во најновиот извештај на Европол за организираниот криминал на Балканот, се оценува дека овој регион е централниот дел за шверц на наркотици во и од Европската унија (ЕУ). Во извештајот се наведува и дека во регионот делуваат мултинационални криминални групи кои се сконцентрирани на Косово, Македонија и Албанија, а дека дел од средствата се издвојуваат за поддршка на вооружени организации, како што е Ослободителната војска на Косово. Као што стои во извештајот на Европол, хероинот од Турција и Латинска Америка се складира во овој регион пред тој да биде транспортиран во ЕУ, додека марихуаната која се продава во земјите од Унијата се произведува на Балканот. Европол предупредува дека регионот е исклучително важен за шверц на хероинот и покрај постоењето на многу „подобри“ патишта низ југоисточна Европа, и фактот дека трговијата со наркотици мора да престане како овие земји би влегле во ЕУ. Исто така како пример се наведува дека контејнери со кокаин кои минуваат низ северните и југозападните пристаништа се истоваруваат во црногорските пристаништа за потоа да бидат транспортирани на пазарот во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

