Црна хроника
Нападната службеничка во Фондот за здравство
Во Скопје на бул.„Кочо Рацин“бб, поточно во Фондот за здравствено осигурување, во канцеларијата за ортопедски помагала, Б.И. од Скопје, физички ја нападнал вработената Т.М.
Тој со нога ја удрил вратата која пак кога се отворила ја удрила Т.М. во пределот на левата рака. Службеничката се здобила со видливи повреди црвенило и оток. Причина за физичкиот напад е тоа што Т.М. повеќе пати го враќала за непотполна документација во врска со ортопедски помагала. Против Б.И. е поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепал сопругата и мајка си: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Починат скопјанец пронајден во просториите во кои работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети
Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети.
Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

