Црна хроника
Скопјанка расечена со шише , опоменала момчиња потивко да зборуваат
Во саботата во 02,50 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ поточно во паркот, С.К.(1992) од Скопје, физички ја нападнал В.П.(1974), удирајќи ја во пределот на лицето со стаклено шише од пиво.
Настанот се случил додека С.К. со двајца другари седеле во паркот и пиеле алкохол. Разговарале на висок тон и поради тоа В.О. со намера да ги предупреди за да престанат, излегла надвор од нејзината куќа и отишла кај нив. Тогаш С.К. замавнал со стакленото шише и ја удрил во пределот на лицето. И нанел повреди во вид на оток и расекотина на носот, скршена носна коска и крвни подливи во пределот на главата и лицето. По тепањето насилниците побегнале но полицијата ги нашла и поднела прекршочна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепал сопругата и мајка си: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Починат скопјанец пронајден во просториите во кои работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети
Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети.
Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

