Црна хроника
Велешанец настрадал од струен удар

Велешанец настрадал од струен удар во дворот на семејната куќа, додека заедно со неговиот татко и нивен роднина изведувал градежни работи
Како што соопшти денеска полицијата, настанот се случил вчера околу пладне, кога при приклучување на продолжен електричен кабел во мешалка за бетон, добил струен удар и починал на лице местоСмртта е констатирана од страна на доктор од Брза помош, а увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.