Црна хроника
Татко силувач ја забременил ќерка си
Деветнаесетгодишна девојка од Гостивар пријавила дека две години била силувана од нејзиниот татко, со кого останала и бремена, соопшти денеска министерството за внатрешни работи (МВР)
Девојката случајот вчера го пријавила во полициската станица во Гостивар, при што била придружувана од нејзината маќеа.Таа навела дека во изминатиот период од околу две години се до пријавувањето, во нивната семејна куќа во гостиварско село, таткото со употреба на сила во повеќе наврати ја принудил ќерката на сексуален однос, во присуство на нејзината маќеа, а истото се обидел да го стори и на другата малолетна ќерка (17 години)Пријавителката изјавила дека е бремена од нејзиниот татко, а досега не го пријавила настанот, бидејќи тој и се заканувал дека ќе ја убие неа и членовите од нивното семејство. Гостиварската полиција еднаш го пријавил таткото, кој е задржан во станица, а по целосно расчистување на настанот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Црна хроника
Кривична пријава против директорот на ЈП „Стрежево“ од Битола: набавил стар ратрак, а го платил како да е нов
Одделот за криминалистичка полиција, по добиената наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејства и по обезбедената документација и извршен увид во неа, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М. Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево“ од Битола за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по чл. 353 од КЗ и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство од чл. 275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ. М. П. од Битола, управител на правно лице од Битола.
Имено, М. Г., знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач на снег – ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево“ од Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, а Љ. М. П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот што го нуди е произведен 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот што го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари, без ДДВ, иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денара, односно тој бил набавен од ЈП „Стрежево“ од Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М. Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ. М. П. стекнала противправна имотна корист.
Црна хроника
Мопед излетал од патот, возачот тешко повреден
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата Стамен Манов во Кочани, В. Џ. (51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница во Кочани.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Кочани.