Црна хроника
Вратени 18 од вкупно 19 украдени лап-топи од ОУ „Страшо Пинџур“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/5c207bbd-6c1c-4020-a4e2-08a74570f60f.jpeg)
Расветлена кражбата на лап-топи во основното училиште „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев, која се случи пред околу две недели, кога беа украдени 19 лап-топи. За кражбата се осомничени тројца скопјани на возраст од дваесетина години
Според полицијата, тројцата пријатели околу 23:30 часот на 10 овој месец забележале дека прозорецот од училницата од шестото одделение во училиштето е подотворено. Двајца од нив се качиле преку прозорецот, а третиот им чувал стража.Со употреба на физичка сила го отвориле ормарот во училницата, каде стоеле компјутерите, ги украле и избегале.Компјутерите си ги поделиле меѓусебно. Еден од нив, компјутерите кои му припаднале ги однел дома, додека другите двајца ги сокриле во напуштена куќа наречена „Куку леле“ во населбата „Даме Груев“.Но по два дена на еден од крадците му се јавило некое лице и му се претставило дека се вика Трајче со прекар Шило, кој му предложил да се сретнат. Но кога се сретнале, лицето кое се претставило како Трајче, го нападнал крадецот на компјутерите и му дал рок од два дена да ги врати компјутерите. „Истиот ден од страна на лица од Агенцијата за обезбедување „Водно АС“ со ПМВ дошле кај Ј.К. дома при што на истиот начин му се заканиле како и на М.М. со физичка пресметка ако не ги врати украдените компјутери. Од страна на НККР „Карпош“ се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот, а од страна на Агенцијата за обезбедување „Водно АС“ украдените компјутери (18) (еден не е пронајден) се вратени на директорот на ОУ„Страшо Пинџур““ објаснуваат од МВР.Досега во 2011 година во земјава пријавени се 11 кражби на компјутери и компјутерска опрема во основни и средни училишта и сите овие се извршени на подрачјето на Скопје. Во овие кражби одземени се вкупно 418 лаптопи, 68 компјутери и 16 монитори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Се скарале поради паркинг па му се заканил со пиштол: уапсен тетовец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340100298_727343369082993_245299473340502978_n.jpg)
Вчера во 10.00 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(51) од тетовско, затоа што околу 08.50 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возила, со пиштол му се заканил на Н.А.(54) од тетовска Мала Речица.
При приведувањето, кај А.А. бил пронајден и одземен пиштол кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.62мм, две рамки за пиштолот и 46 куршуми калибар 7.62мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Црна хроника
(Видео) Претрес кај полициски службеници од Скопско: пронајдено оружје и муниција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/6-1-1.jpg)
Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стадарди и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беше извршен претрес во дом кај две лица – полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.
При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, биле пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив било пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседувале со дозвола, соопшти полицијата.
„Подоцна, исто така, со судска наредба, беше извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно беше утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнителе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информира МВР.
Црна хроника
Повеќе лица агресивно се однесувале кон медицински персонал во болницата во Струга
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-2.jpg)
Утрово во 00.57 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, повеќе лица агресивно се однесувале кон медицинскиот персонал.
Увид на местото увид извршија полициски екипи и дежурен јавен обвинител.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.