Црна хроника
Татко се обидел да ја силува ќерката на гробишта
Татко се обидел да ја силува сопствената ќерка во близина на гробиштата во Бутел, соопштува МВР
Обидот за силување се случил на почетокот на месецов, на шести мај. Тринаесетгодишното девојче околу 22 часот било на гости кај некои роднини. Таткото дошол со автомобилот, ја зел и ја однел на градските гробишта во Бутел. Почнал да го соблекува девојчето и да го допира. Но девојчето се спротивставило и почнало да го турка својот татко. И тој се откажал од својата намера и со автомобилот се вратиле дома, но по пат му се заканил на девојчето дека за ова не смее никому да каже.По скоро еден месец девојчето се охрабрило и го пријавило својот татко во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава за полов напад врз малолетник, а истражен судија му одредил 30-дневен притвор. Ова не било прв пат, таткото и во минатото повеќепати ја злоставувал својата ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач од кратовско, управувал возило со 3,19 промили алкохол и излетал од патот
Полицијата уапси возач од кратовско кој управувал возило со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот.
Вчера во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат Татомир – Кратово, во село Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
(Фото) Пронајдена дрога во Скопје, уапсени две лица
Вчера во 15:30 часот на булеварот „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје.
При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана.

Ноќеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото: МВР
Црна хроника
Штипјанец со туѓа картичка подигнал 31.000 денари, МВР поднесе кривична
Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип, поради сомнеж за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според истрагата, на 20 октомври 2025 година, пријавениот, без согласност и дозвола од едно женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка.
Со неовластен пристап до сметката, тој извршил четири успешни трансакции на два различни банкомати во Штип. На овој начин, од жената одзел вкупно 31.300 денари.

