Црна хроника
26-годишен државјанин на Косово осомничен за спречување на полициска акција
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.
На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“.
Косовскиот државјанин, со автомобил „волво“ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот косовски државјанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река
Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.
Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.
Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација.
Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.
Црна хроника
Пронашла платежна картичка и си пазарела: кривична за прилепчанка
СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ц. (49) од Прилеп.
Таа се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.
Црна хроника
Му го украле возилото од паркинг простор во Ѓорче Петров
Синоќа во 22.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Д. од Скопје пријавил дека во периодот од 13.12.2024 до 19.12.2024 на паркинг простор на подрачје на Ѓорче Петров било одземено неговото патничко возило „фолскваген венто“ со скопски регистарски ознаки.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за расчистување на случајот.