Топ
28-годишен скопјанец ја убил баба си: додека јадела, ја нападнал, ја удирал по главата и телото и ја задушил

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело убиство во согласност со член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот Видое Смилевски-Бато во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба.
Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, почнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Македонија
Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков. Тој посочува дека овие информации ги има добиени од ЈЗУ Здравствен дом Виница, а повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката.
-Според информациите од Здравствен дом Виница помош побарале 16 лица, дел од повредените се пренесени во Здравствен дом во Кочани, додека оние коишто имаат вдишано чад се пренесени во Клинички центар во Скопје. Здравствената состојба им е добра, вели Петков.
Посочува дека пожарот во магацините на фарбиката Макпрогрес е локализиран, а опожарени се три погони и магацин на површина од околу 5.000 метри квадратни.
Градоначалникот на Општина Виница Петков вели дека во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари и доброволци од Виница, Кочани, Штип, Македонска Каменица, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш и од Велес.