Црна хроника
МПС: Индикативни се мотивите на тетовскиот суд да ги ослободи „Балистите“
Македонскиот полициски синдикат (МПС) изразува голема загриженост по повод одлуката на Судиите од Основниот суд во Тетово да го укинат притворот на припадниците на навивачката група „Балисти“.
„Навистина, нејасни се и индикативни се мотивите за една ваква одлука, особено поради фактот што истата временски коинцидира со дербито Тетекс- Шкендија, средба со висок безбедносен ризик. Без намера да ја оспоруваме или доведуваме во прашање самостојноста на судството и слободното судско уверување по кое што начело одлучуваат делителите на правда, човечки со најдобри намери укажуваме дека при носење на вакви одлуки потребна е опстојна и разумна процена, бидејќи утре објект на напад на ваквите насилници, кои сега слободно шетаат низ Тетово, покрај останатите граѓани, можат да бидат и децата или блиските на посочените судии, а можеби и самите тие“ се вели во соопштението на МПС.
Тетовскиот истражен судија минатата недела ги ослободи од притвор двајцата припадници на навивачката група Балисти, Шкљзен Мета и Арлинд Мета кои нападнаа две момчиња и полициски службеник, и покрај тоа што пред десетина дена им беше одреден 30-дневен притвор.
Двајцата навивачи беа приведени за инцидентот во Тетово во којшто беа нападнати двајца граѓани, а полицаец беше расечен со нож во обид да го расчисти нападот. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

