Црна хроника
Запленети брендирани парфеми и рачни часовници
Тимот на Мобилната единица за прекуграничен криминал при Секторот за гранични работи и миграции заплени 62 брендирани парфеми и 333 рачни часовници, електрични сијалици и 84 комплети телескопски метални палки ”POLICE”.
Сомнителната стока била запленета по извршена детална контрола на камион со кумановски регистерски ознаки сопственост на фирмата „Лека транспорт“ – Куманово којшто превезувал разна стока на релација Бугарија-Македонија-Косово, а увозник на истата била фирмата “Дона турс“ од Приштина.
Камионот бил сопрен по претходно добиени оперативни сознанија дека во истото се превезува криумчарена стока. Во содејство со Царинските служби скината е пломбата на камионот и на царинскиот терминал Дени-Интернационал бил извршен детален преглед возилото.
„Беше пронајдена и одземена криумчарена и брендирана стока и тоа парфеми: “PACO RABANE“ – 32 парчиња; “EMPORIO ARMANI“ – 10 парчиња; “LACOSTA“ – 7 парчиња; “CALVIN KLEIN“ – 4 парчиња; “GUCCI“ – 3 парчиња; “HUGO BOSS“ – 6 парчиња. Потоа следните марки рачни часовници: “CALVIN KLEIN“ – 102 парчиња; “EMPORIO ARMANI“ – 9 парчиња; “DOLCHE GABANA“ – 120 парчиња; “FERARRI“ – 102 парчиња; како и 198 парчиња електрични сијалици “PHILLIPS“ и 84 комплети телескопски метални палки ”POLICE”“ соопштуваат од полиција.
По целосното расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а стоката е одземена со потврда за привремено одземени предмети./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

