Црна хроника
Брат и сестра претепале татко семеен насилник-алкохоличар
Битолчанец, кој бил познат дека го малтретирал своето семејство во алкохолизирана состојба, завршил со тешки повреди во болница, откако бил физички нападнат од своите деца.
Според неговиот исказ, 49-годишниот битолчанец во семејната куќа бил навредуван и физички нападнат од својот 23-годишен син и од својата 25 годишна ќерка, при што од нивните удари и туркање бил соборен. Именуваниот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Битола , при што му се констатирани телесни повреди во предел на главата и тешки телесни повреди во предел на граден кош – скршени ребра и е задржан на понатамошно лекување. Како што соопшти МВР, причина за настанот биле нарушени семејни односи. Таткото во континуитет подолго време во алкохолизирана состојба вршел семејно насилство, со физичко малтретирање над членовите од семејството, за што бил пријавуван и предупредуван.По барање на полицијата земена му е крв и урина за утврдување на алкохолисаност, поради неможност над истиот да се изврши алкотестирање со апарат „Дрегер“. По документирањето на настанот против лицата ќе бидат преземени соодветни законски мерки. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен охриѓанец
Синоќа во 19:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(40) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 25-годишник од Берово: пијан и без возачка управувал противправно одземено возило, а се обидел и да избега од полицијата
Ноќеска во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода 25-годишниот Е.Џ. од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство.
По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ.
При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека лицето управувало моторно возило без да поседува важечка возачка дозвола, со што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

