Црна хроника
Вооружени грабежи на бензиска пумпа, обложувалница и продавница
Три вооружен кражби регистрирани се ноќеска во Скопје, Штип и Битола, при што мета на арамиите биле бензиска пумпа, обложувалница и продавница, од каде што се однесени вкупно околу 4.000 евра.
Најтешката кражба се случила во Скопје на улицата .„Ќемал Сејфула“ нас.Чаир, каде што бензинската пумпа на „Макпетрол“ двајца непознати сторители со закана со пиштол одзеле околу 160.000,00 денари (2.600 евра).Во Битола мета на разбојниците била во спортската обложувалница на „Хоризонт“ на улица „Васко Карангелески“, од каде што маскиран напаѓач со пиштол во рацете однел 79.740,00 денари (1.300 евра).Мета на напад во Штип ноќеска била продавница лоцирана на улицата „Енгелсова“, каде што разбојништвото го извршиле две лица маскирани и вооружени со пиштоли, при што однеле 65.596,00 денари (околу 1.070 евра). /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

