Црна хроника
Бракоразводна парница причина за тепачка меѓу две семејства во Велес
Двајца повредени и тројца приведени, е билансот на тепачката што избила меѓу две велешки семејства, за што причина била бракоразводна парница . Полицијата работи на расветлување на случајот.
Во саботата доцна навечер крвнички се тепале две семејства во Велес. Со стапови и шипки, прво на улицата „Нада Бутникошарева“, како што пренесува порталот Лисица, учесниците се обиделе да го расчистат семејното несогласување. По разменувањето на удари во меѓусебната пресметка употребено е и ладно оружје.
Според информацијата објавена на интернет страницата министерството за внатрешни работи, во тепачката употребен е и нож со сечиво од 40 сантиметри.
Најдебелиот крај го извлекле 25-годишниот Ј.М и неговата 43 годишна мајка Ј.Џ . Според првичните информации причина за физичката пресметка е бракоразводна постапка.
Полицијата работи на расветлување на случајот и затоа приведени се Ј.Е.(1961) и неговите синови Ј.О.(1987) и Ј.С.(1992) и истите се задржани во полициската станица за расчистување на случајот./крај/ли/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.