Црна хроника
Богата заплена на цариниците на граничните премини
Над 11 илјади текстилни и технички производи со ознаки на заштитени трговски марки, 14 илјади швајцарски франци и 64 уметнички слики, биле запленети во среда на граничните премини.
Како што информираат од Царината, на граничниот премин Деве Баир, при контрола на камион со турски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин, пријавено за влез во државата, царинските службеници откриле вкупно 11.410 разни производи со ознаки на заштитени трговски марки
Возилото превезувало разна стока со потекло од Кина, наменета за фирма увозник од Косово. Се проценува дека пазарна вредност на стоката, доколку би се продавала како оригинал, би достигнала износ од над 1.6 милиони денари.
При контрола на стока со потекло од Србија, натоварена на македонаки камион, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Куманово, мобилните тимови откриле 64 уметнички слики (со верски, народни мотиви и со меџанизам за часовник) изработени од дрво и бакар. Стоката, наменета за фирма увозник од Скопје, била пронајдена во товарниот дел од возилото и истата не била опфатена со приложените документи за увозно царинење.
На Аеродромот Александар Велики пак, царинските службеници откриле непријавени 14 илјади швајцарски франци и 24 свечени женски фустани. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

