Црна хроника
МВР: Полицијата не е поврзана со нелегалните коцкарници во струшко
Нема полицајци кои на било кој начин се поврзани со сопствениците на нелегалните објекти, од каде што беа запленети покер апаратите во струшко, информира Министерството за внатрешни работи.
Во операција на охридската полиција во среда вечер, која е продолжение на акцијата „Детонатор“, запленети се скоро 40 покер и флипер апарати, маса за рулет и платформи за играње карти и “блек џек“.
Акцијата беше спроведена во Струга, Велешта, Вевчани и Лабуништа, а според полициските информации во акцијата нелегална коцкарница била откриена и во кафе барот во сопственост на струшкиот макро Дилавер Бојку – Лека.
„Акцијата беше реализирана во координација на полициските службеници со инспектори од Управата за јавни приходи во вкупно шест објекти, од каде беа пронајдени и одземени и рулет механизми, материјали за кладилници, 52 специменти-пластични жетони со парична вредност, 33 шпилови карти, 29 клучеви за покер апарати, 6 читачи за покер апарати, 9 коцки за играње, како и повеќе тетратки со евиденции за попис“ соопштуваат од МВР.
Сопствениците на нелегалните апарати и објекти кои без лиценца организирале игри на среќа, се на разговор во полициската станица во Струга. Во текот на денешниот ден против нив ќе бидат поднесени прекршочни и кривични пријави./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

