Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Веро-петмина повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Скопје, во близина на Веро во Тавталиџе, при што пет лица се здобиле со повреди.
Според првичните информации на МВР, сообраќајката се случила околу 17.30 минути на раскрсницата на булеварот Октомвриска Револуција и улицата Иво Лола Рибар.Во сообраќајката учествувале возило ауди и возило голф, а пет лица се здобиле со повреди и истите се префрлени во Ургентен центар.Засега нема детали за причините за несреќата, ниту за тежината на повредите.Очевидци од местото на настанот велат дека глетката по сообраќајката била страотна, двете возила се сериозно оштетени, а голфот е речиси останат без целиот преден дел./крај//
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.