Црна хроника
Разбиена меѓународна банка компјутерски криминалци
Повеќечлена група лица од Македонија, Србија и Бугарија, украле податоци за над илјади банкарски картички, и од банкомати во Македонија и странство, дури ов Уганда и Тајланд, украле повеќе од четири милиони денари.
Единицата за Компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при македонското министерство за внатрешни работи во соработка министерствата на Србија и Бугарија, а во координација на СЕЛЕК центарот, разби меѓународна криминална група составена од македонски и српски државјани.
Во акцијата приведени се двајца скопјани, на 29 и 27-годишна возраст, двајца 22-годишници и 39-годишник од Припеп и двајца 31-годишни српски државјани, коишто во во периодот од ноември 2011 до април 2012 година набавувале опрема за изработка на лажни платежни картички. Исто така, осомничените успеале да дојдат и до банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички, со помош на кои подоцна изработувале лажни платежни картички кои ги употребиле на банкомати во Македонија.
Досега е утврдено дека за шесте месеци во спомнатиот период, членовите на криминалната група во 20 наврати на банкомати на три македонски банки поставиле уреди за снимање податоци од платежни картици. Во овие случаи членовите на криминалната група успеале да украдат податоци од вкупно 1.111 платежни картички во сопственост на македонски државјани, со кои извршиле вкупно 238 успешни нелегални трансакции со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 4.135.177,00 денари.
Поради основано сомнение дека меѓународна криминална група составена од македонски, српски и бугарски државјани се занимава со вршење на кривични дела поврзани со изработка и употреба на лажни платежни картици во координација со СЕЛЕК центарот во јануари 2012 година, со цел размена на информации за криминалните активности на членовите на криминалната група воспоставена е меѓународна истрага во која се вклучени полициските служби на Македонија, Србија и Бугарија.
Од преземените мерки и активности и со примена на посебни истражни мерки е утврдено дека членовите на криминалната група во повеќе градови во Македонија, Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Ресен, Штип и Кавадарци, поставуваат уреди за снимање на податоци од платежни картички. Нелегално обезбедените податоци од платежни картички двјацата скопјани ги носеле во .Бугарија каде што засега неидентификуван бугарски државјанин ги изработувал лажните платежни картички. За услугата им наплатувал по 50 отсто од извадената сума пари или задржувал половина од нелегално обезбедените податоци. Со вака изработените лажни платежни картички, членовите на криминалната група извршиле нелегални трансакции на банкомати на осум домашни банки во Скопје, Тетово, Прилеп и Велес. По доставените пријави од банките за злоупотреба на платежни картички на нивни клиенти во странство, било утврдено дека дел од скимираните податоци од платежни картички се употребени и на територијата на Тајланд и Уганда. Исто така, во периодот додека се преземани мерки и активности од страна на Единицата за компјутерски криминал во содејство со банките во Македонија одземени се два уреда за снимање на податоци од платежни картички кои членовите на криминалната група ги поставиле на банкомати во Скопје и Кавадарци.
На 17-ти април година при обид да постават уред за снимање на податоци од платежни картички на банкомат во Прилеп од страна на припадници на прилепската полиција во координација со Единицата за компјутерски криминал биле приведени тројцата прилепчани. При извршениот личен претрес, како и при претрес во возилото на еден од групата биле пронајдени два уреда за снимање на податоци од платежни картички.
Од страна на Истражен судија на шестмината од пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена (на српските државјани во отсуство), а на едно лице му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Тројца од приведените се познати од порано како сторители на кривични дела од областа на злоупотреба на фалсификувани картички./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

