Црна хроника
Момче силувало 75-годишна старица, прилепчанец злоставувал лице со посебни потреби
Момче на возраст од 25 години силувал 75-годишна старица, а прилепчанец сексуално злоставувал лице со посебни потреби. Против двајцата злоставувачи се поднесени кривични пријави, соопшти МВР.
Првиот грозоморен чин се случил на 13-ти овој месец, кога дваесет и петгодишникот од селото Ковач, Македонски Брод околу 2.30 часот се враќал од село Самоков, каде се забавувал со пријателите.
Кога стигнал во неговото село, забележал дека сè уште е осветлен домот на старицата. Ја одвртел светилката пред влезот на куќата, ставил крпа преку главата и ја чекал старицата да излезе.
Кога таа излегла надвор за да оди во тоалет, ја турнал на подот од собата и се нафрлил врз неа, удирајќи ја по главата и по телото и држејќи ја со едната рака за устата и ја силувал.
Истражен судија му одреди 30-дневен притвор на силувачот.
Вториот инцидент се случувал подолго време. Четириесет и две годишен прилепчанец Џ.Ј. последниве дваесетина дена сексуално злоупотребувал дваесет и петгодишник со посебни потреби.
Го злоставувал во берберница во Прилеп, каде и двајцата доаѓале речиси секојдневно. Во исто време, секој ден, кога сопственикот на берберницата заминувал на ручек, внатре останувале двајцата. Тоа го користел пријавениот и во повеќе наврати вршел обљуба врз оштетениот.
Против него е поднесена кривична пријава за ,,обљуба врз немоќно лице“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица
Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со мопед удрил во метален столб на „Партизанска“: две лица тешко повредени
Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
„Ауди“ удри во мопед во Битола: тешко повреден 65-годишен маж
Во СВР Битола, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.