Црна хроника
Еден работник загинал, двајца рудари се повредени
Работник од Ресен загинал додека поправал машина, а двајца рудари во рудникот за олово и цинк Тораница кај Крива Паланка се повредени откако врз нив се одронила карпа, соопшти МВР.
Дваесет и шестгодишниот Едис Бекировски од Ресен починал кога го потиснала машината што ја поправал во фабриката „Нова Слога 2010“ во Ресен.
Бекировски им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Скопје.
Рударите Драган А. и Дејан Ц., двајцата по 48 години, вчера околу 12,30 часот работеле на ископ на руда кога дошло до одрон на голема карпа.
Работниците веднаш биле префрлени во Здравствениот дом во Крива Паланка каде Драган А. поради сериозноста на повредите е задржан, а неговиот колега е пуштен на домашно лекување./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

