Црна хроника
Уапсен кумановец кој се барал со потерница за обид за убиство
Кумановската полиција во среда приведе четириесет и седумгодишен жител на село Слупчане кој се барал со потерница за обид за убиство, соопшти МВР.
Полицајците го привеле кумановецот на улица „ЈНА“, во дворот на поранешната фабрика во Куманово.
Тој се барал за „обид за убиство“ што се случил пред три дена пред кафе барот „Биг Бенд“, лоциран на улица „ЈНА“ во Куманово.
При извршениот претрес се пронајдени и одземени пиштол марка М57 калибар 7,62 мм, кој го поседувал без дозвола, две рамки со 20 куршуми и рачна бомба.
Завчера, пак, жител на кумановското село Отља пријавил дека уапсениот дошол кај него дома и се заканувал на неговата сопруга, па потоа дошол во кафе барот „Биг Бенд“ и му се заканувал нему.
Во неговото возило било пронајдено формациско оружје.
Од страна на СВР Куманово, во тек е изготвување на кривична пријава за кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, по што уапсениот ќе биде спроведен во Основен суд Куманово. /крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.