Црна хроника
Неуспешен филмски обид за грабеж на банка на Бит пазар
Непознати сторители безуспешно се обиделе на филмски начин да обијат сеф од една банка на Бит Пазар, преку копање на импровизирани ходници и уривање на ѕид од соседната просторија.
Обидот за кражба се случил ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Иако во два наврати се вклучил алармот во „Зират Банка“, која се наоѓа во поранешна стоковна куќа „Илинден“, припадници на обезбедувањето не забележале ништо сомнително.Случајот бил забележал кога вработените изутрината дошле на работа и забележале дека нешто мириса на изгорено, по што забележале дека дел од ѕидот, кон просториите на соседната фирма, бил урнат токму на местото каде што бил поставен сефот.Веднаш била повикана полицијата, која направила увид и констатирала дека сторители најпрвин влегле од според влез во Државниот Тетовски универзитет, каде што од кабинетот за информатика одзеле 2.000 денари.Потоа преку ходниците и канцеларии влегле во просториите на фирмата „Де Кока трејд„ од каде со рушење-сечење на гипс картон се дошло до задниот дел на сефот од „Зират Банка“. Сторителите првично го промашиле местото каде бил поставен сефот, поради што се забележани две дупки. Откако увиделе дека погрешиле направиле во непосредна близина уште еден отвор каде е дојдено до задниот дел на сефот. Потоа со шмиршајба пробано е да се исече металниот дел од сефот, но по кратко време се вклучил против пожарниот аларм кој од страна на сторителите бил исклучен, а тие продолжиле да се обидуваат да го отворат сефот. На повторното вклучување на алармот во 00,20 часот сторителите веројатно се исплашиле и истите по веќе направените отвори низ ходниците го напуштиле лице местото Во тек се мерки и активности за целосно расчиствување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

