Црна хроника
На Деве Баир запленети над илјада фалсификувани парфеми
Службениците на македонската царина, на граничниот премин Деве Баир, запленија 1.380 парчиња фалсификат парфеми со лого заштитените брендови GUCCI и MEXX, информираа во четвртокот од Царинската управа.
Обидот на територијата на земјата да влезе ова количество фалсифувани парфеми чијашто вкупна вредност кога би се продавале како оригинали би достигнала во вкупна вредност од 841 илјади денари, а избегнатите давачи се проценуваат на износ од 215 илјади денари, се одиграл во вторникот во раните попладневни часови на граничниот премин Деве Баир.
Камионот со српски регистерски таблички и управуван од српски државјанин, кој ја превезувал стоката за приштинската фирма „Алм груп“, а требало да транзитира низ Македонија, во средата во раните попладневни часови бил издвоен за детален преглед, откако има станал сомнителен на македонските цариници. При прегледот биле пронајдени 1.380-те пакувања со лажните парфеми /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.