Црна хроника
Нема ништо ново за осомничените за убиството кај Смилковци кои се во бегство
Министерството за внатрешни работи нема нови информации за двајцата осомничени за убиството кај Смилковци кои избегаа и за кои има информации дека се на Косово.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска уште еднаш повтори дека иако не е пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, сепак имаат доволно материјални докази.
„Имаме доволно материјални докази за кои и обвинителот потврди дека се квалитетни врз основа на кои може да се формира обвинителен акт и врз основа на коишто осомничените ги товариме за кривично дело „тероризам“. Се разбира дека судот е тој кој треба да ги цени доказите, а не јавноста и поединците. Да оставиме простор без никакви притисоци, судот да ги разгледа доказите кои ги понудивме и да одлучи по однос на пријавата. Ние ги товариме за кривично дело „тероризам“ имаме повеќе докази, различни докази“ рече Јанкулоска.
Таа изјави дека МВР секојдневно ја следи државната и јавната безбедност и дека ги преземаат сите мерки кои се во нивна надлежност.
„Се разбира дека мора да бидеме свесни и будни за потенцијалните ризици, меѓутоа ништо не смее да го наруши спокојот и мирното живеење на граѓаните во Македонија, без оглед на која етничка заедница припаѓаат, без оглед на нивната верска или било каква друга определба“ рече Јанкулоска.
На 12 април се случи петкратно убиство кај Смилковци и беа убиени петмина недолжни граѓани. МВР приведе повеќемина осомничени за убиството,некои од нив се осомничени како директни извршители на убиството, а некои како помагатели. Но двајца од директните извршители избегаа и најверојатно се кријат на Косово./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

