Црна хроника
Фалсификувал жиг на Македонски пошти за да не плати сметки за струја
Велешанец и струмичанец фалсификувале жигови и потписи од „Македонски пошти“, едниот за да докаже дека платил сметки за струја, а другиот за да земе кредит.
Триесет и петгодишниот велешанец за да не ги плати сметките за струја за јануари, февруари, октомври и ноември 2011 година, фалсификувал електронски жиг од „Македонска пошта“ за извршени и наплатени услуги.
Не сакал да плати 42.612 денари за струјата која ја користела аптеката „Алтеа Фарм“ во населба Чашка, каде имал изнајмено деловен простор.
Со фалсификуваните сметки во ЕСМ и ЕВН во Велес и кај сопственикот на деловниот простор докажувал дека наводно сметките му биле платени. Против него е поднесена кривична пријава за „Фалсификување исправа“.
Триесет и осумгодишен струмичанец вработен во „Македонска пошта“ во Струмица сам си потпишал решение за земање кредит фалсификувајќи го потписот на благајникот вработен во „Македонска пошта“.
Лани струмичанецот сакал да подигне кредит од штедилницата „Пеон-Струмица“. Иако имал земено два други кредити, во административната забрана за подигање на кредит напишал дека нема други кредити и го фалсификувал потписот на благајникот.
Документот го однел во штедилницата и зел кредит во износ од 123.400 денари. Против него е поднесена кривична пријава за „измама при добивање кредит или друга погодност“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.