Црна хроника
Се обидел да поткупи полицајци, но завршил во притвор

Албански државјанин се обидел да поткупи полицајци во Охрид, но завршил во притвор со кривична пријава за „давање поткуп“, соопшти МВР.
Поткупувачот во средата им вметнал 50 евра во службените документи на двајца полицајци од сообраќајната полиција.
Им рекол дека сака да почести и со тоа се обидел да ги убеди да не му пишат казна за сообраќајниот прекршок што го направил.
Потоа самоиницијативно се обидел да си ги земе возачките исправи, личната карта и зелениот картон и да си замине.
Но албанскиот државјанин бил уапсен, а истражен судија му одредил притвор од 48 часа./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.