Црна хроника
Бугарските менаџери извлекле 1,6 милиони евра од фабриката за кабли Неготино
Бугарските менаџери во Фабриката за кабли Неготино, во 2010 година успеале да извлечат 1,6 милиони евра преку цесии за лажни побарувања и со признавање на непостоечки обврски од Фабриката. Шестмина од раководителите биле Бугари, а еден бил од Неготино.
„Иако знаеле дека АД ФКН Неготино е неспособно да ги исполнува доспеаните обврски, со пречекорување на својата службена положба и овластување не поднеле предлог за поведување на стечајна постапка, туку напротив, со склучување на нови договори за отстапување, односно цесии за лажни побарувања со ФКН ДООЕЛ и со признавање на непостоечки обврски, го довеле правното лице АД ФКН Неготино во состојба на презадолженост и притоа не превзеле мерки да ја сменат состојбата“ се вели во соопштението на МВР.
Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против сите осомничени за “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “предизвикување стечај со несовесно работење“, а против некои и за “помагање во извршување на кривично дело“.
Со ова групата ја оштетиле фабриката и нејзините доверители. Секторот за внатрешни работи Велес како и Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и претходно во повеќе наврати против осомничените имаат поднесено кривични пријави за исти и слични кривични дела.
/крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

