Црна хроника
Благајник во кумановски водовод присвојувал пари од приклучоци во мрежата
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против благајник и одговорно лице во јавното претпријатие „Водовод“ Куманово поради проневера, односно злоупотреба на службената положба.
Во текот на 2009 година, Б.Т., која работел како благајник, во девет наврати паричните средства во износ од 129.988 денари (2.100 евра) наплатени од физички лица за приклучок на водоводна мрежа, ги присвоил за себе, а книговодствената евиденција ја уништил.Од друга страна Г.С., кој работел како одговорно лице, спротивно на Правилникот за работа на претпријатието во осум наврати со физички лица склучил договори за приклучок на водоводна мрежа без да ги потпише, притоа оневозможувајќи на претпријатието да поднесе тужбени барања против лицата за наплата на должнички побарувања. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

