Црна хроника
Татко пукал во син-наркозависник кој го нападнал со нож
Гостиварец пукал со пиштол кон својот син откако овој претходно се обидел да го нападне со нож, при што го ранил во нозете, соопшти полицијата.
Настанот се случил во петокот вечер кога 38 годишниот Д.Г., инаку регистриран наркозависник, започнал вербална расправија со татко му С.Г., барајќи му пари, но тој го одбил велејќи му дека нема, по што се упатил во спалната соба.
Синот изреволтиран од тоа што не добил пари отишол во кујната, земал нож и се упатил во спалната соба со намера да го нападне татка си, но кога тој видел дека момчето има нож, од наткасната го зел пиштолот марка „Ц.З“ кал.7.62 мм кој го поседува со дозвола и пукал во правец на синот при што го ранил во двете нозе во подколениците.
Д.Г. од болницата во Гостивар поради сериозноста на повредите е пренесен во Кличички центар-Скопје.
С.Г. е приведен во ПС-Гостивар за понатамошна постапка. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

