Црна хроника
Не го платил пивото, добил ќотек
Четириесет и седум годишен скопјанец бил претепан од пет непознати лица откако во угостителски објект одбил да плати за пиво за кое се пожалил дека мириса и е топло.
Инцидентот се случил во неделата, околу 02:10 часот во гаражите на Трговскиот центар „Бисер“, во скопски Аеродром. Откако скопјанецот, кој заедно со својата сопруга бил во угостителскиот објект ‘Пантер’, одбил да платат за пивото, за кое се пожалил дека е со непријатна миризба и било топло, бил повикан од непознати лица да разговараат надвор од објектот. Потоа, бил нападнат од пет мажи кои го удирале со тупаници по главата и грбот и му нанеле гребаници, отоци и модринки на грбот и главата.
Скопјанецот, заедно со сопругата, заминал во Градската општа болница каде бил задржан на натамошно лекување.
Полициската станица „Аеродром“ превзема мерки за расчистување на случајот./крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.