Црна хроника
Вреќи со кафе најдени во чамец во Охридското езеро
Поголема количина кафе во понеделник половина час по полноќ е пронајдена во чамец во Охридското езеро и на езерскиот брег, информираат од МВР.
Според информациите, при патрола на езерската полиција, на просторот меѓу авто-кампот „Елешец“ и селото Пештани, на брегот на езерото е пронајден метален чамец марка „меркури“ натоварен со седум вреќи кафе, како и уште осум вреќи со кафе на самиот брег.
Охридската полиција поднесе кривична пријава против непознат сторител. Се превземаат мерки за расчисутвање на случајот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

