Црна хроника
Нападнат полицаец при спречување расправија
Полициски службеник бил нападнат од 18-годишен скопјанец при обидот да спречи негова расправија со уште две лица, информираат од полицијата.
Инцидентот се случил во понеделник околу 22:40 часот во автобусот број 4, во моментот кога се наоѓал на станицата пред зградата на „Кјуби“ на ул. „11 октомври“. Полицаецот го затекнал 18-годишниот скопјанец со уште две момчиња на 16, односно 15-годишна возраст како се караат, викаат и се однесуваат дрско и непристојно. Откако ги предупредил, истите продолжиле со караницата, при што 18-годишниот скопјанец со лактот го удрил полицаецот во пределот на устата, при што му нанел повреда во вид на црвенило.
Лекарска помош му е укажана на полицаецот, а момчињата се приведени во полиција. ЗА настанот се известени и инспектори по малолетничка деликвенција, кои го превземале случајот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.