Црна хроника
Затворени кaзина и обложувалници во Гостивар

По акциска контрола на УЈП и МВР спроведена синоќа во Гостивар и околината затворени се три казина и една обложувачница кои работеле нелегално, информираа од СВР Тетово.
Инспекторите на УЈП и секторот за финасиски криминал во казината Твист, Зара 1 и Зара 2 во Гостивар, сопственост на И.М. и К.М. утврдиле неправилности во работењето и со потврда одзела околу 500 илјади денари и еден апарат за игри.
Во селото Форино е затворена и обложувачницата Бет-поинт од каде се запленети компјутерска опрема и извесна сума на пари.
Слична акција е спроведена и во Тетово каде биле контролирани пет касина. Инспекторите утврдиле дека две работат нелегално по што биле запленети петнасетина апарати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.