Црна хроника
Јанкулоска: Детонатор ќе се спроведува на целата територија на земјата

СВР Теово и Управата за јавни приходи претходната ноќ запечатија седум објекти за игри на среќа кои не ги исполнуваат законските услови за работа во Тетово и Гостивар, информираше во саботата министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
По посетата на охридското село Белчишта одговарајќи на новинарско прашање Јанкулоска одговори дека во продолжението од акцијата „Детонатор“ на подрачјето на СВР Тетово биле контролирани десетина објекти за игри на среќа.
„Во оваа акциска контрола откриени и запленети се 128 апарати за приредување на игри на среќа, маси за рулет и за покер“, рече Јанкулоска, нагласувајќи дека ова е само продолжение на континуираните активности за одговор на сите нелегални однесувања.
Нагласи дека акцијата „Детонатор“ нема да запре и контролите ќе продолжат континуирано.
„Во минатото имаше секакви шпекулации дека акцијата е локализирана и одредени подрачја не се предмет на интерес на институциите, но со оваа акциска контрола која ја имавме заедно со УЈП потврдуваме дека контролата мора да се одвива и ќе се одвива на секој сантиметар на територијата на Република Македонија“, рече Јанкулоска./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.