Црна хроника
Се модернизира Единицата за истрага на место и вештачење
Со донација од 80.000 евра на турската агенција за соработка и координација во петок беше пуштен во употреба реновираниот објект на Криминалистичката полиција – Единица за истрага на место и вештачење во полициската станица Кисела вода.
“Изминатиот период покажавме дека инвестирањето во проблематиката поврзана со кривичното гонење, односно квалитетот на обезбедените материјални докази, е повеќе од неопходно и токму затоа беше набавена современа форензичка опрема и технологија, согласно европски стандарди. Би сакала да истакнам дека вистинско задоволство за нас е што како партнер во најчувствителната проблематика – форензиката остваривме одлични контакти со експерти од Република Турција, кои спаѓаат меѓу најценетите стручни лица во оваа област во светски рамки“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска при денешната посета на ПС Кисела Вода заедно со вицепремиерот на Владата на Турција, Бекир Боздаг
Таа се заблагодари за турската поддршка и истакна мноштво заеднички реализирани проекти, едукативни активности но и конкретни оперативни акции особено во областа на недозволената трговија со дроги.
“На македонската јавност и е добро познато дека најголем дел од полициските акции која станува збор за борбата против недозволена трговија со дрога се реализирани токму во соработка со турската полиција “нагласи Јанкулоска по пуштањето во употреба на објектот.
Турскиот вицепремиер, Боздаг рече дека Македонија и Турција се пријателски земји и дека соработката во повеќе области постојано се надоградува./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

