Црна хроника
Во САД и други земји меѓу кои и Македонија се води голема операција против компјутерскиот криминал
Најголемата во историјата на операциите против компјутерскиот криминал ја спроведуваат американските разузнавачки служби, а досега се упсени 24 лица во САД и уште осум други земји. Се проценува дека станува збор за штета во вкупна вредност од 205 милиони долари.
Уапсените се обвинети за користење на интернетот за измама со кредитни картички, банкарски сметки и лични податоци на околу 400 илјади потенцијални жртви низ целиот свет.
Резултатите од оваа операција ги објави во вторникот федералниот обвинител на Јужниот округ на Њујорк, Прит Бхарара и заменикот директор на њујоршката канцеларија на американското Федерално биро за истраги FBI, Џенис К. Федарчик.
Според нив, во САД се уапсени 11 лица а во другите земји уште 13 луѓе, а покрај тоа се очекува да бидат издадени налози за уште триесетина пребарувања.
„Координираните акции од денеска беа резултат на двегодишна тајна операција предводена од FBI, која е насочена кон идентификување на сајбер криминалците, истрага и откривањето на нивните активности, како и ставање крај на таквите активности“, се вели во писмената изјава на Бхарари и Федарчик што ноќта кон средата беше објaвена на официјалната интернет страница на FBI .
Во осумте земји надвор од САД, апсењата се извршени во Велика Британија (шест), во Босна и Херцеговина (две), во Бугарија (едно), во Норвешка (едно) и во Германија (едно). Уште две лица се уапсен, во Италија и во Јапонија, на кои им е одреден времен притвор.
Сослушувањата на осомничени лица, извршување претреси или други координирани акции сѐ уште се водат во Македонија, Австралија, Канада и Данска.
„Интелигентните компјутерски криминалци кои работат под превезот на интернет, сѐ уште се достапни за долгата рака на законот“, порачал Бхарара.
Според него, „откривањето и гонењето на таквите лица, како оние коишто се осомничени за сајбер криминал обвинети денеска, а кои ќе продолжат, бараат јасен и координиран пристап и меѓународна соработка, преку која и беа овозможени овие апсења“.
Како што е наведено во делот од писмената изјава на Федарчик, операцијата наречена „Card Shop“, била насочена против софистицирани, добро организирани криминалци кои биле вклучени во купување и продавање на украдени лични податоци, употребени кредитни картички, фалсификувани документи и алатки за хакерски напади.
„Чепкачите“, како што ги нарекува американската полција овие криминалци, краделе лични и други податоци не само со помош на шпионски комјутерски софтвер, тука исто така упаѓале и во базите на податоци на банки, хотели, трговски друштва а потоа податоците ги продавале низ мрежата, во којашто биле притаени и агенти на FBI./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

