Црна хроника
Намален бројот на умрени од насилна смрт
Вкупно 527 лица умрела во текот на 2011 година во Македонија како последица од насилна смрт, што претставува намалување за 10,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2011 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица и тоа 72,7 отсто.Најголемо учество во вкупниот број на случаи на насилна смрт, имаат „несреќните случаи“ со 70,2 отсто, по што следат„самоубиствата“ со 24,3 отсто и „убиствата“ со 5,5 отсто.Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со учество од 30,5 отсто. Потоа следуваат умрените лица во „транспортни несреќи“ со учество од 21,3 отсто и „други несреќи при сувоземен транспорт“ со застапеност од 13,7 отсто во однос на вкупно умрените од насилна смрт. Најголемо учество во категоријата „самоубиства“,имаат случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ со учество од 15,6 отсто.Во категоријата „убиства“, најголемо учество имаат случаите на „обид за нанесување на телесна повреда на неозначен начин“ со 2,3 отсто од вкупниот број на случаи на насилна смрт.Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,7 отсто. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

