Црна хроника
Две тепачки на иста улица во Прилеп
Полицијата од Прилеп поднесе две кривични пријави против лицата Н.Ј.(48) и неговиот брат Р.Ј.(53), и против Д.П. (37) кои учествувале во две различни тепачки на иста улица во Прилеп.
Имено, на 30 април годинава, браќата го пресретнале Р.Т. и започнале вербална расправија, а потоа и физички го нападнале. Го удирале со тупаници и клоци по телото и му нанеле тешка телесна повреда во пределот на лицето.
Д.П.(37) од Прилеп пак заработи кривична за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 14 мај, во Прилеп на ул. „Борис Кидрич“, откако М.С.(57) од Прилеп управувајќи автобус удрил во патничко возило паркирано од таткото на пријавениот.
Д.П. дошол на местото на сообраќајката и под дејство на алкохол со гасен пиштол што го поседувал со дозвола, му се заканил на М.С., а потоа со кундакот го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

