Црна хроника
Со лажни банкарски вирмани краделе акумулатори, гуми, моторни масла од фирми
Четворица скопјани со лажни банкарски вирмани, претставувајќи се како застапници на фирми краделе акумулатори, гуми, прехрамбени производи и моторно масло, соопшти МВР.
Измамниците од април до јуни годинава се претставувале дека се застапници на фирмите БОСЕРОН Неготино, РИМ ПРОМЕТ Скопје и КАПЕДО Велес и издавале лажни банкарски вирмани, со што ги оштетиле фирмите за 866.941 денари.
Порачале девет акумулатори, осум камионски гуми, четири гуми марка „Фулда“, прехрамбени производи и моторно масло од фирмите.
Во фирмите носеле фалсификуван банкарски налог и лажен банкарски печат од Комерцијална Банка АД Скопје и ја подигнувале стоката.
Кога фирмите констатирале дека подигнатата стока нема уплати на нивните банкарски сметки, случаите се пријавени во СВР Скопје
Против нив, едниот со прекар Зија, а другиот со прекар Боби, е поднесена кривична пријава за “употреба на исправа со невистинита содржина“ .Инаку сите четворица претходно биле пријавувани за слични дела./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

