Црна хроника
Продолжен притворот на осомничените за убиството кај Смилковско езеро

Притворот за осомничените за петкратното убиство кај Смилковското езеро е продолжен за уште 30 дена.
Сите се осомничени за тероризам, тројца од петмината осомничени се директни извршители на убиството, а двајца дека им помагале.
Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Рами Сејди се во притвор во затворот во Битола, но по двајца извршители на убиството, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири сè уште се трага.
Истрагата за убиството што се случи во април сè уште е во тек, а еден од уапсените во акцијата „Монструм“ беше осуден на шест години затвор за нелегално држење оружје./крај/канал5/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.