Црна хроника
Насади со марихуана во Кумановско

Насади со марихуана откри полицијата во Кумановско, соопшти МВР.
Марихуаната била пронајдена покрај река меѓу селата Довезанце и Бељаковце. Првично откриени биле над сто насади, а било приведено и едно лице.
Полицијата моментално врши увид на местото каде што е откриена марихуаната за да утврди кој ја посадил.
Од СВР Куманово детали најавуваат за подоцна./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец претепал медицинска сестра

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.
Црна хроника
Лекар во болницата во Штип нападнал копега во операциона сала

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.
Имено, на 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата.
Црна хроника
Тетовка нарачала мебел и оставила капар: не ја добила ниту нарачката ниту парите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама.
Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра. Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.