Црна хроника
Три кражби во тетовско –гостиварскиот регион
Џепчиите продолжуваат да оперираат во тетовско-гостиварскиот регион.
Ограбени се повозрасни лица, на кои крадците им ги украле на паричниците додека купувале во Гостивар, јавува тетовската телевизија Кис.
На 76-годишен жител на Ново Село, во вторник наутро, крадци му го украле паричникот во којшто имал 1.200 денари, лична карта и чекови од пензија.
На истото место, на гостиварскиот пазар, бил ограбен 77-годишен жител на Чегране. Од џебот во пантолоните му бил украден паричник со 220 евра, возачка дозвола, лична карта, банкарска картичка.
Крадците ограбиле и куќа во село Челопек, чиј сопственик работел во стрнаство. Според изјавата на неговата 33-годишна ќерка која го пријавила случајот, кражбата се случила во периодот од 28 јуни до 3 јули, при што биле украдени метална кутија со 40-тиан парчиња златен накит.
Вредноста на украденото првично се проценува на 600.000 денари. Полицијата работи на расчистување на кражбите./крај/кис/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

