Црна хроника
Уапсени Бугари кои продавале дрога во Македонија

Двајца Бугари се уапсени заради продажба на дрога на дилери во Македонија, соопшти МВР.
Струмичката полиција имала сознанија дека еден од Бугарите подолго време продавал опојна дрога хероин и екстази на дилери од Македонија.
Полицијата запленила 150 таблети екстази , а Бугарите биле уапсени на излез од Македонија на граничниот премин “Ново Село“.
Против нив е поднесена кривична пријава неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни супстанции и прекурсори./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.