Црна хроника
Тепачка во кафулето Стоби
Ноќта меѓу петокот и саботата во кафе-барот Стоби во Скопје се степале десетина луѓе, од кои неколкумина се повредени, соопшти МВР.
Околу 1.00 часот по полноќ во петокот, во Скопје на Кеј „13-ти Ноември“ во кафе бар „Стоби“,З. К.(29) и И.Р. (28) двајцата од Скопје, од една страна и други пет непознати лица од друга страна, предизвикале меѓусебна тепачка.
Најпрво непознатите лица викале и кршеле чаши, при што едно од лицата фрлило стаклена пепељара која го удрила З.К. во пределот на левото уво, поради што му е укажана лекарска помош во Ургентен центар – Скопје.
Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена скопјанката која беше пријавена за исчезната
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена 26-годишната И.Е. од Скопје, извести МВР.
На 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба, додаваат од МВР.
Црна хроника
Штипјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот
Денеска во 01.30 часот во СВР Штип, 37-годишниот Е.М. од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 17-годишната Ј.М., извести МВР.
Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Топ
Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје
Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол.
Пренесен е во приватна болница за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.