Црна хроника
Лимар паднал од скеле, тешко повреден

Четириесет и осумгодишен лимар тешко е повреден откако паднал од скеле на работното место, соопшти МВР.
Во сабота околу 13.00 часот, во Скопје, во објектот „Специал Продукт ДООЕЛ“ лоциран на ул.„Новоселски Пат“ , А.Г.(48) од с.Бањани, скопско, вработен како лимар во фирмата „Бик Мак“, паднал од скеле, при извршување лимарски работи на поткровната конструкција.
Лимарот бил качен на скелето од кое се откачила цевка и А.Г. паднал од висина од четири метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Пренесен е во Клиничкиот центар во Скопје, каде е задржан на лекување./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец оти ја истепал сопругата и ѝ се заканувал

Ноќеска, неколку минути по полноќ, полицијата во скопски Петровец го уапси 46-годишниот Ј.К.. Полицајците постапувале по пријава дека во домот Ј.К. ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.
Против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот, извести Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
На велосипедска патека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Вчера на велосипедска патека на булеварот Јане Санданскин се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Битолчанка со измама дошла до лични податоци на маж, па си подигнала брз кредит

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Ч.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.
Во текот на мај 2024, пријавената преку социјална мрежа, под друго име, стапила во контакт со лице од тетовско и со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата лична карта и трансакциска сметка. Потоа, со уште едно лице, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, подигнале брз кредит од финансиско друштво.
Откако на домашна адреса добил писмо од финансиското друштво дека има неплатен долг, оштетениот сфатил дека е измамен.