Црна хроника
Се преврте скутер, еден загинат, едно лице во животна опасност
Едно лице го загуби животот, а уште едно се бори за живот при превртување на скутер на Охридското Езеро, јави Охридњуз.
Несреќата се случила во четврток попладнево околу 17.30 часот на околу еден километар од брегот, во близина на струшкото село Калишта. Очевидци го пријавиле случајот во полицијата, а веднаш била повикана и брза помош. На местото на превртениот скутер било пронајдено мртво машко лице, додека вториот патник, женско лице, е тешко повредено. Таа е пренесена во струшката болница каде лекарите се борат за нејзиниот живот. На местото на несреќата во тек е полициски увид кој треба да ги разјасни причините за трагедијата. Денешната несреќа, е петти инцидент од неделата наваму на Охридското Езеро. Претходно на Машка плажа скутер удри во педалинка при што беше повредениот 21 годишно момче, додека во друг инцидент 11 годишно девојче се здоби со повреди во пределот на десната потколеница кога во неа удри скутер во плитки води на плажа. Вчера скутерџии предизвикаа проблеми и на две охридски плажи. Поради зачестените инциденти Министерството за транспорт предвреме денеска ја активираше мерката за ограничување на пловидба на скутери со мотор посилен од 45 киловати, која требаше да почне на 20 јули. За жал на првиот ден од нејзината примена се случи нов, овојпат трагичен инцидент во кој има и жртва. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

