Црна хроника
Исчезнати виничанец и светиниколчанец
Двајца граѓани се пријавени за исчезнати во последните 24 часа, соопшти МВР.
Едниот е од Виница, а исчезнувањето го пријавила неговата сопруга во вторник околу 22 часот. Б.С.(1971) од Виница, пријавила дека нејзиниот сопруг Г.С.(1962) – вработен во фирмата „Пелагонија“-Имако ДООЕЛ со стопански двор на ул.„Плачковички одред“ бб, додека бил на работно место исчезнал.
Тој работел на полевање трева, а од засега непознати причини исчезнал од работното место.
По информативниот разговор во ПС-Виница, со раководниот кадар на фирмата и дел од вработените кои ноќеваат во стопанскиот двор потврдено е исчезнувањето од работно место.
Н.Е. (1970) од Свети Николе, во вторникот околу 13.30 часот пријавила исчезнување на нејзиниот татко Д.Б.(1934) од село Ѓуганци, Свети Николе.
Полицијата трага по двајцата исчезнати./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.