Црна хроника
Сосед обљубил 13-годишно момче во Кочани
Возрасен сосед намамил две малолетни момчиња во својот дом во Кочани и го обљубил помалото, со што извршил кривично дело, „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.
К.А (51) од Кочани, против кого до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, пред една недела намамил тринаесетгодишно дете од Кочани во својот дом и сексуално го злоупотребил.
Случајот во полиција го пријавиле момчето и неговиот чичко во четвртокот, а според исказот, додека момчето си играло на улица со неговиот петнаесет годишен другар биле повикани од нивниот сосед К.А. да им продаде мобилен телефон за многу евтина цена.
Момчињата влегле во неговата куќа по што К.А.кој живеел сам, ја заклучил влезната врата и со употреба на физичка сила го турнал тринаесет годишното дете на креветот, му ги соблекол панталоните и извршил обљуба над него.
Другото момче успеало да се спротивстави, ја отклучило вратата по што и двете деца ја напуштиле куќата.
Во вторникот мајката на К.А. го пријавила за исчезнат по што е распишана потрага, а тој сè уште не и е достапен на полицијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.